ПРИКАЗНАТА НА ЌЕИФ

01

КОИ СМЕ НИЕ?

Иако Ресторан ЌЕИФ ги отвори своите врати во 2019-та година, неговата приказна започна малце пред тоа. Тоа се случи кога една фамилија гурмани шетајки низ светот, вкусувајки различни специјалитети одлучија дека покрај многубројните ресторани посетени, неможеа да најдат место каде што ќе се осеќаат како дома, надвор од своите домови.. Место каде што све е по ЌЕИФ и направено со ЌЕИФ. Место каде што гоститее доаѓаат да создадат нови моменти и да ги споделат старите..и така приказната на ЌЕИФ започна. Друштвено катче каде што храната е направена со многу љубов, тимот е мал но сите со големи срца и моментите поминати се убедливо незаборавни.

НАШАТА ВИЗИЈА

Нашата визија е на нашите гости да им го пружиме исклучиво само најдоброто: најдобра услуга, најдобра храна и најдобра атмосфера. Од моментот кога ги отворивме своите врати, нашиот главен и единствен фокус ни е нашите гости да си заминат задоволни и да осетат вистински ЌЕИФ.

Се надеваме дека уживате да ни бидете гости, колку што ние уживаме да ве имаме како наши гости.

Зборовите на нашите гости